Smart City simpozium (1)Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /19.02.2016 година, (петок )/, го отвори Симпозиум „Паметен Град“ во рамките на  13 меѓународна конференција на ЕТАИ 2016, што се одржува во Хотел Русија,  во организација на  Здружението за електроника, телекомуникации, автоматика и информатика на Република Македонија (ЕТАИ).

Ме радува фактот што денеска имам можност да бидам дел од овој еднодневен  Симпозиум  на темата „Паметен град“ и гледам дека интересот за учество во него е многу голем. Концептот на паметни градови настанал како одговор на забрзаната индустријализација и урбанизација со цел да овозможи одржлив економски развој и високо квалитетен живот на жителите. Од многуте дефиниции за паметен град ниедна не е сеопфатна, бидејќи различни се појдовните основи и приоритети на различни градови од различни места во светот. Сепак, како заеднички именител може да се извлечат основните инфраструктурни елементи: снабдување со вода, снабдување со електрична енергија, канализација, управување со цврст отпад, ефикасна урбана мобилност и јавен транспорт, ИТ поврзување и дигитализација, добро владеење, одржлива животна средина, безбедност и сигурност на граѓаните, особено жени, деца и постари лица, како и здравство и образование. Технологијата е важна и помага во реализација на идеите, но сметам дека креативноста е можеби уште позначајна. Поточно, креативните луѓе ја користат технологијата со цел да изградат подобри и поубави места за живеење. Градот Скопје, како посебна единица на локална самоуправа, согласно со своитеSmart City simpozium (2) надлежности, реализираше повеќе капитални проекти со инфраструктурни зафаќања како изградба на нови и проширување на стари улици и булевари со целосно партерно уредување и подигање на зелени појаси, реконструкција и изградба на дел од водоводна и канализациона мрежа, локални патишта до населени места надвор од градското подрачје, изградба и реконструкција на мостови на реката Вардар, изградба на катни гаражи. Прва задача што си ја поставив и за што ја добив довербата на граѓаните, беше воспоставување ред во сообраќајот во градот Скопје и намалување на сообраќајниот метеж. За таа цел, најпрво требаше да се средат сообраќајниците, паркиралиштата, изградивме неколку кружни текови а потоа работевме и на регулацијата на сообраќајот во градот. Со проширувањето на сообраќајниците – улиците и булеварите се овозмозможи побрза проточност на возилата, а со изградбата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот и имплементацијата на софтверското решение кое врши регулација на сообраќајот преку Smart City simpozium (3)менаџирање на семафорите, се постигна и многу важната цел зашита на животната средина. Овој процес ќе се заокружи со изработка на систем за менаџирање на паркинг местата во градот со софтверско решение и поставување на информативни табли на видни места за корисниците на услугите.Втора задача и предизвик беше воспоставување ред во јавниот превоз. По обновувањето на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие од исклучителна важност беше навременото сообраќање на автобусите во градските и приградските линии, со што граѓаните ќе добијат нов квалитет на сигурен, временски точен и во климатизирани автобуси превоз до посакуваното одредиште. За таа цел воспоставивме систем за следење и контрола на јавниот превоз со софтверско решение што поддржува GPS контрола и следење во реално време. Тоа резултираше со редовно и навремено пристигнување на патниците на одредиштето и задоволни граѓани, истакна градоначалникот Трајановски.

Пред присутните на Симпозиумот градоначалникот Трајановски ги изнесе и  своите заложби за Енергетската ефикасност и заштедата на енергија  и проектите кој ги споведе во текот на изминативе години како гасификација на средните училишта во градот, набавката на автомобил и скутери и велосипеди на електричен погон  за администрицијата во Градот со 0% загадување и минимален трошок за енергенс,  и  опремување  на катните гаражи  со напојувачи за возилата на електричен погон. Исто така, посочи дека Градот во  изминатите 2 години активно работеше на изградба на нова и реконструкција на велосипедската инфраструктура во Град Скопје за да може на граѓаните да им понуди  и алтернативен транспорт.