Еко-свест – Центар за истражување и информирање за животната средина

 

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, го имплементира проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ кој има цел зголемување на активностите и влијанието на граѓанските организации од Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, зајакнување на нивните капацитети и промовирање на зелена економија. Проектот се реализира во партнерство со FORS Montenegro-Fondacija za razvoj sjevera Crne Gore од Црна Гора, организациите SMART Kolektiv од Србија, Centar za razvoj i podršku од БиХ, EDEN Centar од Албанија и Udruženjem Slap од Хрватска.

 

Повик за граѓански организации за учество на обуки   кои се организираат во рамките на проектот GEAR – Green Economy for Advanced Region

 

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, го имплементира проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ кој има цел зголемување на активностите и влијанието на граѓанските организации од Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, зајакнување на нивните капацитети и промовирање на зелена економија. Проектот се реализира во партнерство со FORS Montenegro-Fondacija za razvoj sjevera Crne Gore од Црна Гора, организациите SMART Kolektiv од Србија, Centar za razvoj i podršku од БиХ, EDEN Centar од Албанија и Udruženjem Slap од Хрватска. Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за поддршка на  граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

 

Во првата фаза (спроведувањето на проектот во периодот од октомври 2018 до април 2019*), за подигнување на капацитетите на граѓанските организации од Македонија и Албанија кои работат во полето на заштита на животната средина и одржлив развој, социо-економски развој, социјална заштита и слични теми, ќе бидат организирани обуки на следниве теми:

 

–          Зелена економија (дводневна обука во Албанија, 9ти и 10ти октомври 2018*)

–          Застапување и лобирање (тридневна обука во Албанија, октомври 2018*)

–          Учество во донесување одлуки (дводневна обука во Македонија, ноември 2018*)

–          Управување со проектен циклус (четиридневна обука во Албанија, декември 2018*)

–          Следење на јавни политики (тридневна обука во Македонија, април 2019*)  

 

Во наредните фази на спроведувањето на проектот ќе бидат организирани обуки на тема Истражување и анализа на јавни политики и Подобрување на соработката со надлежните институции, студиска посета на успешни компании кои работат по принципите на зелена економија од Хрватска, како и доделување на грантови на граѓански организации по пат на јавен конкурс.

 

Трошоците за сместување, храна и превоз на учесниците на тренинзите ќе бидат покриени од проектот. Во однос на селекцијата и учеството на организациите од Република Македонија, право на учество во програмата за обуки имаат претставници од организации кои се регистрирани во Македонија, најмалку 6 месеци пред да биде објавен овој оглас, додека пријава за учество во програмата за обука можете да поднесете најдоцна до 4 октомври 2018 на електронската адреса jasmina@ekosvest.com.mk преку пополнување на пријава која можете да ја преземете тука.

 

Критериуми за избор на кандидатите се:

–        Областа на делување на организациите кои ги претставуваат

–        Препознатливост на организацијата во заедницата и претходно искуство и референца на организацијата и кандидатот

– најмалку еден реализиран проект/активност од прифатлива област

–        Заинтересираност на кандидатите и организациите за учество во останатите проектни активности и работата на мрежата на граѓанските организации

–        Направен разговор со претставник на Еко-свест

 

Бројот на учесници на обуките е ограничен, а кандидатите можат да учествуваат на една или повеќе обуки во согласност со интересот и можностите. Еко-свест го задржува правото да одлучи за изборот и вкупниот број на учесници во склад со утврдените критериуми и финансиски  можности за кои може да се добијат повеќе информации на телефон: 02 3217-247.
*временскиот план е индикативен и подложен на промени за кои учесниците ќе бидат благовремено известени

 

линк: https://drive.google.com/file/d/10yB8yjxfRgvH1yOZ-VoHXbwRtVejvFHC/view?usp=sharing