По повод акцијата за чистење на Скопје иницирана од страна на Град Скопје,
а во која ќе учествуваат неговите јавни претпријатија и други ангажирани лица, ги известуваме и воедно ги повикуваме Граѓанските организации кои сакаат да бидат дел од оваа акција на доброволна и волонтерска база, дека своето учество можат да го пријават на телефон 02 320 7506 кај лицето определено за контакт, Сашо Митров или на следниот емаил: saso.mitrov@skopje.gov.mk
Воедно ве известуваме дека акцијата ќе се одвива етапно, по Општини, и дека секој ден ќе се определуваат пунктови каде ќе се делат задачите и опремата за извршување на поставената цел.
За 23.11.2017 година (четврок) предвидено е да се започне со чистење на Општина Бутел, а за сите заинетересирани собирното место е кај Железничката станица во Скопје Север во 08:00 часот
АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ
Планиран распоред:
- Општина Бутел 23-24.11.2017 (Четврток – Петок)
- Општина Шуто Оризари 25.11.2017 (Петок – Сабота)
- Општина Чаир 26-27.11.2017 (Недела – Понеделник)
- Општина Гази Баба 28-29.11.2017 (Вторник – Среда)
- Општина Аеродром 11.2017 (Четврток)
- Општина Кисела Вода 01-02.12.2017 (Петок – Сабота)
- Општина Центар 03-04.12.2017 (Недела – Понеделник)
- Општина Карпош 05-06.12.2017 (Вторник – Среда)
- Општина Ѓорче Петров 07-08.12.2017 (Четврток – Петок)
- Општина Сарај 12.2017 (Петок – Сабота)
- Кеј на Вардар 12.2017 (Недела)
Напомена: Планираниот распоред може да претрпи измени поради временските услови, затоа најдобро е да се информирате на контактите кои се наведени погоре во текстот.