Дискусија беше организирана со цел да се разменат искуства и отворат прашањата поврзани со феноменот на отуѓување на децата од родителите, кое е една од најстрашните форми на злоупотреба на децата, а станува се поприсутно во нашата држава. Токму поради тоа, треба да се потенцира потребата од промена на постоечките закони и пракса, кои се во спротивност со интересите на децата. Во нашата држава, не постои прецизна законска одредба според која родителите заеднички би го вршеле родителското право по разводот на бракот. Ваквата празнина создава бројни проблеми во остварувањето на родителските одговорности по разводот на бракот, што често завршува со отуѓување на детето од едниот родител и трајни последици по детето. Овој вид злоупотреба на децата не само што не се спречува, туку и се поттикнува од државата и време е тоа да се смени.
На дискусијата беа поканете преставници од Надлежните Институции и тоа Министреството за труд и социјална политика , Заводот за социјални дејности , Центрите за социјална работа од Скопје како и психолози , адвокати, новинар и преставници на иницијативата.
Истата беше во организација на Граѓанската иницијатива за воведување заедничко и одговорно родителство по развод и Првата детска амбасада Меѓаши во рамките на проектот „ Заштита на детските права по развод “ кој e финансиран од страна на Европска Унија и Граѓанската асоцијација МОСТ