Средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“ изнинатиов викенд беше домаќин на натпреварот по математика на регионално ниво (Скопски регион) организиран од Сојузот на математичари на Република Македонија.
На натпреварот учествуваа средношколци од средните училишта на подрачјето на Град Скопје. Учениците на натпреварот по математика се натпреваруваа во две категории, односно гимназиско и стручно.
На регионалниот натпревар (Скопски регион) учениците од средните училишта се натпреавруваа во две категории, категорија А и категорија Б и ги постигнаа следниве резултати:
Прва година, во категорија А – најдобри резултати постигнаа Горазд Димитров од ПСУ „Јахја Кемал“-Карпош и Кристина Петровиќ од ПСУ „Јахја Кемал“- Бутел.
Втора година, во категорија А – најдобар резултат постигна Надежда Илиевска од ПСУ „Јахја Кемал“ Автокоманда, а во категорија Б – Дарија Велкова од СУГС „д-р Панче Караѓозов“.
Трета година, во категорија А – најдобар резултат постигна Ангела Здравковска од ПСУ „Петта приватна гимназија“, а во категорија Б- Тијана Додевска од СУГС „Здравко Цветковски“.
Четврта година, во категорија А – најдобри резултати постигнаа Вера Димовска, од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ и Драган Трајчевски од ПСУ „Јахја Кемал“ Автокоманда.