Информација за трет повик на фондот за Западен Балкан

Информација за трет повик на Фондот за Западен Балкан (WBF) и покана за учество на информативна сесија во Скопје

Чест ни е да Ве информираме дека на 28-ми октомври, 2019 година, Фондот за Западен Балкан (WBF) го објави третиот повик за регионални предлог-проекти!

(Можете да најдете повеќе информации за Повикот на: http://westernbalkansfund.org/wbf-3nd-call/)

Повикот ќе биде отворен до 10 декември, 2019 година, со вкупен буџет од 250.000,00 евра и максимален износ по проект до 12,000,00 евра.

Со цел да ги информира граѓанските организации и другите непрофитни заинтересирани страни, за целите и модалитетите на аплицирањеto, WBF ќе одржи Информативни сесии во повеќе градови во секоја договорна страна на WBF.

Со оваа покана Ве информираме за сесијата во Скопје која ќе се одржи на:

20 ноември, 17:00 часот, во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Скопје

* За да учествувате на оваа информативна сесија, Ве молиме да ја регистрирајте вашата организација преку испраќање на потврда преку е-маил на: info@westernbalkansfund.org (со вашето име, име на организацијата и градот каде ќе присуствувате на иформативна сесија).

Со нетрпение го очекуваме Вашето присуство!

Со почит,

Фондот за Западен Балкан (WBF)75564579_2546719262075746_8916474972625436672_o