Соработка со НВО

Соработката со здруженијата на граѓани и фондации се остварува преку предлагање мерки за соработка и поддршка на проекти и активности на здруженија на граѓани и партнерства во реализација на заеднички проекти финансирани од домашни и меѓународни донатори

  • Надлежност
  • Огранограм
  • Информации за контакт

 

Надлежности на одделението

Ги следи активностите на здруженијата на граѓани и фондации на подрачјето на Градот Скопје;
Ја иницира и координира соработката со здруженијата на граѓани и фондации во областите од надлежност на Градот Скопје;
Предлага мерки и активности за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани и фондации;
Го обезбедува учеството на здруженијата на граѓани и фондации во постапките на подготвување и предлагање на прописи и стратешки и развојни документи од надлежност на Градот Скопје;
Го организира Форумот на невладини организации каде здруженијата на граѓани и фондации ги презентираат своите предлози за соработка со Градот Скопје, ставовите и коментарите во однос на активностите на Градот Скопје и предлози за нивно подобрување и искуството од соработката со Градот Скопје.

Работните позиции во рамките на Одделението за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации ги извршуваат:
Сашо Митров, раководител на одделението
Емилија Георгиевска, советник
Саранда Беќири, помлад соработник
Искра Донева, помлад соработник
Одделението за соработка и поддршка на здруженија на граѓани е дел од Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации при Град Скопје .
Раководител на Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации е Ловрен Маркиќ.

 

Информации за контакт

 

Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации

Булевар Илинден бб, Градски парк
1000, Скопје
Република Македонија

тел: +3892 3297 235
+3892 3207 525

е-маил:
lovren.markic@skopje.gov.mk
saso.mitrov@skopje.gov.mk
emilija.cvetkovska@skopje.gov.mk
saranda.bekiriskopje.gov.mk

antonio.karalanov@skopje.gov.mk

iskra.doneva@skopje.gov.mk