Одделението за соработка со Здруженија на граѓани и фондации на Град Скопје, на 6 Февруари (петок) и 10 Февруари (вторник) од 10 часот до 15 часот во просториите на НВО Центарот на Град Скопје во МКЦ Ве повикува на отворен ден по повод објавата на Јавниот повик за прибирање на барања за користење на средствата од Буџетот на Град Скопје за 2015 година.

На отворениот ден ќе може да остварите средба и да се информирате за јавниот повик за 2015 година со вработените од градската администрација , конкретно со вработени од Одделението за поддршка на здруженија на граѓани и фондации, Одделението за Социјална и детска заштита и Секторот за Образвание на Град Скопје.

Го очекуваме вашето присуство.